Гостивар
Во Гостивар казнети моторциклисти кои не носеле кацига

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контролни активности на поширокото полошко подрачје. Вчера (6 октомври) од 12 до 18 часот спроведена е засилена контрола на мотоциклисти, во која се откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (Тетово-8 и Гостивар-6). Дванаесет од прекршоците (ТЕ-6 и ГВ-6) се однесувале на некористење на заштитна опрема, односно кацига, додека 2 мотоциклисти управувале без положен возачи испит и валидна возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и, зависно од видот на прекршокот, тие се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.
„Вакви или слични активности планирани се и во наредниот период, а СВР Тетово повторно апелира до мотоциклистите задолжително да користат заштитни кациги и да не ги управуваат мотоциклите без пoложен возачки испит. Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Инаку, во деветте месеци од годинава на тетовското подрачје биле изречени вкупно 322 мерки за неносење на заштитна кацига.“, соопшти СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава