Гостивар
Во Гостивар ќе почне кампања „Сончогледи за невидлива попреченост“

Гостивар ќе се вклучи во кампањата „Сончогледи за невидлива попреченост“, која има за цел да помогне лицата со попречености и нивните семејства да добијат приоритет и поддршка при обавување на секојдневни активности и обврски. Лицата со попречености и родителите ќе добијат ленти со сончогледи, преку кои граѓаните и институциите треба да се сензибилизираат да им дадат предност, да не чекаат во редици пред шалтер, во продавница, пред банки итн.
Кампањата во Гостивар ќе ја спроведат Ресурсниот центар и општината. Наредната недела предвиден е настан на кој ќе се промовира кампањата, ќе бидат поделени ленти и информативни плакати коишто ќе се постават на јавни места, на влезови на маркети, банки, институции и слично.
„Целта е да се подигне видливоста на оваа ранлива група деца и граѓани, да се подигне свеста на јавноста дека се работи за лице со попреченост или родител на дете со попреченост. Значи кога ја носи лентата со сончоглед, луѓето да имаат трпение, да му се овозможи предност, да биде услужено побрзо, да му се пружи помош доколку е неопходно. Лентите со сончогледи ќе ги добијат исклучиво лица со попречености и нивни родители и на нив ќе има и картичка со податоци“, појасни Маргарита Милошеска од Ресурсниот центар. За почеток обезбедени се педесетина ленти со сончогледи.
Идејата за кампањата со сончогледи, потекнува од Велика Британија кога во 2016 година управата на лондонскиот аеродром се запрашал како би ги препознале лицата со невидлива попреченост, за да им дадат предност. Тогаш приватна компанија го креирала брендот „Сончоглед“, кој понатаму почнал да се прифаќа како универзален, а кампањата да се шири во повеќе земји.
фото:Фејсбук група/Сончогледи за невидилива попреченост
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче