Гостивар
Во Гостивар ќе се формира фудбалски камп за деца Роми
Децата од ромската заедница од Гостивар ќе добијат можност да ги совладат вештините на фудбалот и да тренираат во посебен фудбалски камп. Ова најава дојде од гостиварската локална самоуправа, по средба на градоначалникот Арбен Таравари со претставници на ромската заедница, во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.
„Претставниците на Ромите му се заблагодарија на градоначалникот за поддршка на еден многу важен проект, кој доаѓа по иницијатива на Абдул Бари, вработен во општинската администрација, за формирање на Фудбалски камп каде што ќе тренираат децата Роми и ќе им се отворат перспективи да се занимаваат со овој спорт.“, се вели во општинското соопштение.
На средбата се разговарало за прашања од интерес на ромската заедница во општина Гостивар, одбележување на празникот, реализација на проекти предвидени за оваа година во две населби во кое живее ромско население и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар