Гостивар
Во Гостивар ќе се одржи Концерт на народни песни и ора во чест на Илинден

Големиот македонски празник, Денот на Републиката – Илинден во Гостивар ќе биде одбележан со пригоден настан. Во духот на македонските традиции, во чест на празникот најавен е Концерт на народни песни и ора, кој ќе се одржи на 1-ви август (понеделник) во Летниот Амфитеатар покрај Кејот на Вардар.
Празничната програма ќе биде исполнета со настапи на Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, културно-уметничкото друштво „Младост“ од Кичево, како и на вокалните солисти Мирослав Крстески и Јовица Николоски.
„Сакаме со нашите народни песни и ора, преку моќта на македонската традиција, вековните вредности кои се пренесуваат од колено на колено, заеднички да го чествуваме Илинден. Упатувам покана до граѓаните да присуствуваат и заедно да го прославиме формирањето на македонската држава“, вели организаторот на настанот, Предраг Ристески.
Концертот е закажан со почеток во 19 часот.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја