Гостивар
Во Гостивар ќе се постават ПЛАСТИКОМАТИ – остави пластично шише, земи пари!
На неколку места во Гостивар наскоро ќе бидат поставени пластикомати, посебни апарати каде граѓаните ќе можат да одлагаат користена пластична амбалажа и за тоа да добијат пари. Проектот ќе го спроведе Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, со цел почиста животна средина и стимулирање на граѓаните за селекција на отпадот. Пластиката која ќе се собере во апаратите, потоа ќе се рециклира преку фирма која се занимава со таква дејност.
„Планираме да поставиме неколу пластикомати, каде граѓаните ќе може да ги остават пластичните шишиња, знаеме дека таквата амбалажа доста се користи, а е сериозен проблем за животната средина. Парите што притоа ќе ги добијат, може да ги искористат за плаќање на паркинг, или за други намени. Целта е да имаме почист град и граѓаните да стекнат навика да го селектираат отпадот“, појасни директорот на претпријатието Беким Челебиу.
Во зависност од големината на шишето, ќе се даваат од 0,5 до 1,5 денари. Според најавите пластикоматите ќе бидат ставени во функција во текот на овој месец.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски