Гостивар
Во Гостивар ќе се постават уште две мерни сензорни аеро станици

Објавено
пред 4 месецина

Гостивар ќе добие уште две мерни станици со ласерски сензор за квалитетот на воздухот. Како мрежа, заедно со постоечките три, во иднина ќе даваат поцелосна слика за состојбата со аерозагадувањето во градот.
Според најавите, новите мерачи ќе бидат ставени во функција за околу две недели. Локациите се‘ уште се под знак прашалник, но најверојатно тоа ќе биде на патот кон Русино кај некогашните касарни и во околината на некогашна Силика.
За таа цел, Општина Гостивар потпиша меморандум за соработка со група граѓани кои претходно веќе поставија две сензорни станици за квалитет на воздухот.
„Податоците од мерните станици ќе се прикажуваат на веб страницата на општината. Важно е граѓаните да може точно да се информираат дали и колку е загаден воздухот. Се надевам дека ова е само почеток на нашата соработка. Доколку има потреба, во иднина ќе поставуваме мерни станици и на други локации, кадешто има потенцијални загадувачи.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари, кој денес во својот кабинет ги прими Благоја Беловинов и Богдан Јелискоски, дел од тимот млади гостиварци што го реализира проектот за сензорски мерни станици.
„Целата идеја со Богдан започна зимата 2017 кон 2018 година кога во Гостивар немаше ниедна мерна станица и не можеше да се добие информација колку е загаден воздухот, иако беше очигледно дека има загадување. Решивме да направиме наша сензорска мрежа, потоа од општината рекоа дека и тие се заинтересирани за таков проект, бидејќи имаат план да воспостават мрежа.“, рече Беловинов.
Јелискоски додаде дека резултатите од мерењата се релевантни, затоа што се работи за напредна технологија.
„Мерните сензори се прилично напредна технологија, моментално ги поставуваме и на клауд, што значи обезбедуваме максимален аптајм на самиот сервер. Имаше некои забелешки, дека на промена на времето топло-ладно би имало дискрепанца во мерењата, но во овие две години, не сме забележале некои значителни промени во резултатите.“, рече Јелискоски.
Државната мерна станица е поставена во дворот на ОУ „Гоце Делчев“, а сензорните кај големиот пазар и близу бензинската на Макпетрол.
„Со новите две станици и таа мрежа на вкупно пет, распоредени на различни делови од градот мислам дека ќе имаме добар мониторинг и ќе ги инофрмираме граѓаните каков воздух дишат“, изјави Зуди Џелили, раководител на секторот за животна средина во општината.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Удрил со автомобил во полицајци на улица во Гостивар

Гостиварци мераклии на свадби, забраната за веселби драстично го намали бројот на бракови

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

Гостивар и денес со двоцифрен број потврдени нови ковид случаи

На патот Гостивар-Тетово фатени 30 лица кои возеле пребрзо

Малолетник нападнат од таткото на неговата девојка

На социјалните мрежи забележани повици за самоповредување на малолетни лица – МВР апелира за внимателност!

Неделен ковид биланс: Пораст на нови случаи за 56%, оздравени и починати на исто ниво

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 1 ден
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот