Вести Гостивар
Во Гостивар ќе се поставува спортско лизгалиште

Во престојната зимска сезона гостиварци ќе добијат можност да се рекреираат на спортско лизгалиште. Гостивар е еден од градовите во кои Владата предвидува да финансира поставување на монтажно лизгалиште, а општинските власти треба да обезбедат локација и дозвола.
На денешната седница Владата ја усвои информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на седум монтажни спортски лизгалишта во земјава и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14 милиони денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.
„Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1 ноември 2019 година.“, стои во владиното соопштение
На денешната седница Владата ја усвои и Предлог – програмата за изменување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која 121 милион денари од буџетот на оваа програма ќе се пренаменат за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ системи и топлински пумпи.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја