Гостивар
Во Гостивар лани 718 заљубени кажале ДА пред матичар

Гостивар е на трето место во земјава по број на склучени бракови, веднаш по Скопје и Тетово. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во текот на 2018-та година на подрачјето на Општина Гостивар биле формирани 718 брачни заедници. Ова покажува дека се одржува стабилно ниво и нема драстичен пад на склопување бракови, тренд кој беше забележан претходно.
Статистиката вели дека мажите почесто стапуваат во брак, по втор или по трет пат, отколку жените. Во Гостивар лани 61 младоженец кажал ДА по втор пат, а за 7 бракот што го склучиле им бил трет по ред. Што се однесува до невестите пак, 47 стапиле во брак по втор пат, а една барала трета среќа.
Бројката на разводи на годишно ниво се движи околу сто.
На подрачјето на Општина Врапчиште лани се регистрирани 246 нови бракови, а во Маврово Ростуше ги имало 73.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2018 година, на ниво на целата држава, во споредба со претходната година е намален за околу 2 % и изнесува 13 494. Намалување бележи и бројот на разводи и тоа за над 18%, а изнесува 1 620.
Најмногу бракови се склучени во месец август, а најмалку во март. Просечната возраст при склучување прв брак е 26,9 години за невестата и 29,6 години за младоженецот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите