Гостивар
Во Гостивар лани издадени 168 дозволи за градба и решенија
Секторот за урбанизам, планирање и просторно уредување при Општина Гостивар во текот на минатата година издал 168 одобренија за градба и решенија. Според податоците во годишниот извештај за работата на Секторот, 71 од нив се за објекти за индивидуално домување, 23 за колективно домување и 20 за инфраструктурни проекти.
„Со ова Општина Гостивар е една од најактивните општини во земјата во однос на издавање одобренија за градење.“, оценуваат од Секторот.
Во извештајот се наведува дека лани биле одобрени 84 урбанистички процедури и за првпат е одобрен Детален Урбанистички План за Блок 15. Дополнително, одобрени се планови за дел од Блок 20, каде што е предвидена изградба на детска градинка, како и за дел од Блок 4-4a.
Како постигнување во извештајот е издвоена и имплементација на електронски услуги, организирани јавни расправи и транспарентност.
„Успешно се спроведени електронски услуги за сите процедури, овозможувајќи полесна и побрза комуникација со граѓаните. Редовно се одржуваа јавни расправи за прибирање сугестии и препораки од граѓаните за урбаните проекти. На секои шест месеци се објавуваа детални податоци и извештаи за напредокот, со што беше воспоставен нов стандард во работата. Со овие постигнувања, Општина Гостивар го потврдува својот ангажман за понатамошно подобрување на условите за живеење и услугите за граѓаните.“, соопштија од гостиварската локална власт.
-
Гостиварпред 21 час
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград