Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар лани над 560 нови бракови – имаме невести и зетовци од Австрија, Швајцарија, Египет…

Објавено

на

Просечно во гостиварскиот регион годишно се склучуваат од 550 до 600 бракови. Според податоците од одделението за водење на матични книги во Гостивар во текот на ланската година, биле формирани 563 нови брачни заедници.

И 2019-та не е исклучок кога станува збор за „увезувањето“ на невести, па и младоженци. Така, лани 23 бракови биле склучени со странски државјани. Дека гостиварци бараат брачни другари од околните земји како Албанија, Косово, Србија, Хрватска, и од западноевропските како Швајцарија, Германија не е нешто ново и непознато. Но, интересно е што брачната среќа се бара и во многу подалечни земји. По тоа лани се издвојуваат два случаи на бракови. Во едниот, Гостивар добил зет од Египет, а во другиот невеста од истата земја.

„Минатата година од 23 бракови склучени со странски државјани во Гостивар, најголемиот дел се со државјани на Австрија, па потоа Германија, Албанија, Косово и Србија, а има и од Египет.“, вели Нијази Асани, раководител на матичната служба во Гостивар.

Статистичките податоци зборуваат дека просечната возраст на невестите е 26 години, додека на младоженците 29. Најмногу свадби има во месец август, а најмалку во март и април.

Што се однесува до разводите, тие бележат тенденција на опаѓање, и тоа за прв пат во последната деценија. Минатата година имало 90-тина, од кои, според податоците на социјалните служби околу половина биле разводи во кои брачните партнери имале малолетни деца.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена