Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар лани склучени 643 бракови, бројката значително зголемена

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2021 година во земјава, во споредба со претходната година, е зголемен за 29.8 % и изнесува13 337. Најмногу бракови, 1 981 или 14.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94 % за жените и 93.3 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.2 % и во трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2021 година, најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4 392 или 32.9 %  кај жените и 4 959 бракови или 37.2 % кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

На територијата на Општина Гостивар лани биле склучени 643 бракови, што е за 132 повеќе од 2020-та година. И во соседните општини има зголемување на новоформираните брачни заедници. Минатата година во Општина Врапчиште брак склопиле 243 парови, што е за 34 повеќе од претходната, додека во М.Ростуше лани имало 74 нови бракови, односно 33 повеќе.

Во 2021 година на државни ниво се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 %, во месец декември.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена