Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар месецов заловени 76 кучиња скитници, се проширува капацитетот за згрижување

Објавено

на

На подрачјето на Гостивар периодов се спроведуваат засилени активности за заловување и третман на кучињата скитници. Во текот на месец јуни заловени биле 76. Животните се третираат соодветно и се носат во стационарот, лоциран кај старите касарни.

Процесот заеднички го спроведуваат гостиварската локална самоуправа и невладината Иницијативата за граѓански интеграции (ИГИ), задолжена за одржувањето на шелтер центарот, вработените, исхраната и грижата за кучињата.

„Со ново одобрениот буџет, доделен на ИГИ од Општина Гостивар во износ од 999 илјади денари предвидени се неколку активности, кои ќе бидат фокусирани на третман на заловените кучиња и реконструкција на вториот стационар, кој се наоѓа во близина на постоечкиот што го користиме. Она што е значајно е што во месец јуни, заловени се 76 кучиња, од кои 42 се веќе третирани. Најпрво е делувано по пријава на граѓани на локации близу автобуската станица, Малеарди, Башњешница и други локации каде пријавиле граѓани. Важно е да напоменам дека имаме потполно нов тим што работат како заловувачи и верувам дека ќе излезат во пресрет на граѓаните во секој момент. Ако работиме со ова темпо, бројот на кучиња на улиците значително ќе се намали.“, изјави Анета Филипоска, проект координатор.

 

Ветеринарката амбулатна „Нова-Вет“ на ветеринарот Миле Алексоски, е ангажирана за стручниот дел од третманот на кучињата.

Заловените кучиња прво се прегледуваат дали се здрави, се прави тест на лајшманија, што е заразна болест и за луѓето, се третираат против цревни и надворешни паразити, шуга и слично, па се вакцинираат против беснило и им се става ушна маркица. И мажјаците и женките се стерилизираат и се носат на повеќедневнен престој во стационарот каде се следи нивното однесување. Агресивните кучиња со самата стерилизација се смируваат, па во тој случај може да се вратат на местото каде се заловени или ако некој изрази желба да ги вдоми. Би ја искористил приликата да апелирам да има такви луше, семејства кои ќе водмат кучиња.“, рече Миле Алексоски, доктор по ветерина, додавајќи дека лајшманија до сега не била детектирана кај ниту едно заловено куче.

Стационарот кој актуелно се користи беше изграден во 2019-та година со проект поддржан од УНДП. Има 50 бокса внатре и услови за чување на околу 100 кучиња во дворот. Со реконструкцијата на стариот стационар, ќе се зголемат капацитетите за згрижување бездомни животни до вкупно 200-250.

И покрај овие напори за намалување на бројката на улични кучиња за Гостивар, останува проблем што кучиња се носат од други градови. „Останатите општини знаат дека имаме стационар и носат кучиња, ги оставаат на улиците. Во Гостивар има околу 800 бездомни кучиња, но од другите места се носи дополнителен број и тоа е нешто што треба да се реши. Би истакнала дека во овој правец е потребна и помош од МВР за да може да се дејствува и ние да се фокусираме на кучињата што ги имаме на наша територија“, вели Филипоска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 43 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена