Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар минатата недела 47 новозаразени со корона, вирусот губи сила

Објавено

на

Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово. Во Гостивар минатата недела регистрирани се 47 нови ковид позитивни. Бројката на активно болни моментално е 56.

Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години.

Оздравени се 3.197 лица, или 14,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид – 5.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, 37,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 856.527 лица.

Со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто.

Опфатот со две дози на вакцина против КОВИД-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти.

Опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
видео емисиипред 8 минути

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања

Македонијапред 6 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 8 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 11 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 12 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена