Гостивар
Во Гостивар моментално 786 лица се во изолација со решение

Според податоците од Секторот за внатрешни работи, моментално во Гостивар вкупно 786 граѓани се со активни решенија за изолација поради позитивен ковид тест или контакт со заболен. Полицијата секојдневно врши контроли дали има прекршувања и упатува апел доследно да се почитуваат решенијата. Во контролите во последното деноноќие, со кои биле опфатени 621 лице, не биле констатирани непочитувања.
„Граѓаните позитивни на вирусот и оние кои имале близок контакт со заразен поради што добиле решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се должни да ја почитуваат изолацијата. Изминатиот период имавме случаи кога при контролите, лица со решенија не беа затекнати дома. На тој начин носат ризик да го шират вирусот. Апелираме на повисока свест за сите мерки за заштита од ковид“, нагласуваат од СВР.
Нови решенија за изолација во последните 24 часа во гостиварско им биле издадени на 28 лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче