Вести
Во Гостивар обука за аутизам – родителите и наставниците мора да бидат едуцирани

Стручен тим од дефектолози, психолози и физиотерапевти од Албанија денес во Гостивар ги пренесуваа своите искуства и знаења од областа на аутизмот на родители на деца кои страдаат од ова невролошко нарушување и на вработени во училиштата и градинките. Обуката беше организирана на иницијатива на здружението на лица со посебни потреби „Порака“ од Дебар, со поддршка на гостиварската локална самоуправа.
„Цениме дека е важно да им се излезе во пресрет на родителите и наставниците во поглед на препознавање на аутизмот, методите на работа со децата и слично“, изјави Беким Аме од Здружението „Порака“
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој потенцираше дека обуката е од голема корист за родителите и наставниците. „Проблемот со аутизмот станува се повидлив и ваквите настани овозможуваат да се воведат нови практики кои ќе им помогнат на аутистичните деца“, рече градоначалникот.
Во предавањата и преносот на искуства беа вклучени стручни лица кои работат со оваа категорија на деца во својата земја.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!