Гостивар
Во Гостивар од почетокот на пандемијата потврдени 8.629 позитивни, активно болни се 348 лица
Се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот, кој во изминатите денови изнесува над 2000. Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален периодот на изолација или карантин поради КОВИД-19 за асимптоматските случаи и за лицата кои биле во контакт со заразен.
Од Министерството за здравство вчера информираа дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите хоспитализирани се вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.
Вчера од направени 6119 тестови беа регистрирани уште 2019 заразени, од кои 254 реинфекции, а бројот на активни КОВИД случаи во државава изнесува 21 883. Вчера беа пријавени и нови 19 починати поради компликации од вирусот, како и 973 оздравени пациенти. Од 254-те реинфекции две се втора реинфекции. Повеќе од половината од активните случаи во државава, 11 802, се во Скопје, по што следи Битола со 1691, Куманово, Кавадарци и Прилеп со по околу 700, Охрид 635, Тетово 548. Најмалку активни случаи, 16, има во Дојран.
Гостивар има 348 активно заразени со коронавирус. Од почетокот на пандемијата дијагностицирани се вкупно 8.628 ковид случаи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар