Гостивар
Во Гостивар одбележан 9 Мај: Младите треба да знаат како е извојувана слободата!

Со собир, историски осврт и положување цвеќе, во Гостивар претпладнево беше одбележан Денот на победата над фашизмот 9 Мај. Настанот традиционално го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци, а присуствуваа граѓани, ученици, претставници на партии и почитувачи на слободарските вредности.
„Длабоко ви се поклонувам на сите вас што доаѓате на одбележувањата и покажувате почит кон историјата. Пред се на учениците кои секогаш се присутни. Младите треба да бидат столбот на нашата иднина. Нема држава во светот без свои корени, без свое минато. На минатото се темели сегашноста, се планира иднината“, рече во поздравното обраќање Ратко Гиноски, претседател на Сојузот на борци-Гостивар.
На историските настани од народноослободителната и антифашистичка војна пред присутните, преку реферат потсети професорката по историја, Катица Аврамоска.
„Се потсетуваме на големите битки на македонскиот народ и народностите во текот на Втората светска војна, на формирањето на сопствена држава, на борбите на Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија и на учеството на македонските единици во завршните операции за конечно ослободување на Југославија. Се потсетуваме на првите октомвриски истрели во 1941 година во Прилеп и Куманово, на формирањето на Комунистичката партија во Тетово, на февруарскиот поход, првото заседание на АСНОМ. Но, да не ги заборавиме борците кои ги положија своите млади животи за да живеат во легендите и да служат за поука на младите генерации, да знаат како е извојувана слободата, како е создадена денешна суверена, невависна и самостојна Македонија.“, истакна Аврамоска.
Одбележувањето се заокружи со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.
Цвеќе положија и се поклонија делегации на Сојузот на борци, ВМРО-ДПМНЕ Гостивар и на СДСМ Гостивар.
Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на оние кои го положиле животот за слободата.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение