Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележан Денот на аутизмот, се дискутираше за состојбите и предизвиците

Објавено

на

Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при Општина Гостивар денеска организираше панел-дискусија посветена на состојбите, предизвиците и третманот на учениците со аутизам во гостиварските училишта. Со настанот, локалната самоуправа го одбележа Светскиот ден на аутизмот, 2 Април.

„Оваа година го одбележуваме 2 Април со еден посебен успех, а тоа е успешното функционирање на Центарот за аутизам, направен од Општина Гостивар со повеќе донатори, а подоцна се вклучи и Министерството за труд и социјална политика. Центарот функционира повеќе од една година и е еден од подобрите, не само во нашата држава, туку и во регионот. Како гостиварци сме горди на овој проект раководен и предводен од  професионалци и родители на деца со аутизам. Би посакал да имаме што повеќе такви проекти што се за доброто на граѓаните, децата, семејствата“, изјави градоначалникот Арбен Таравари, кој беше еден од учесниците на панелот.

Валон Емини, директор на Здружението „Blue Puzzle“ кое е носител на Центарот за аутизам го истакна значењето на установата и бенефитите за аутистичните деца и нивните семејства.

„Од февруари 2023-та година сме партнери со Министерството за труд и социјална политика као даватели на услуга, како Центар за деца со попреченост и за аутизам. За родителите кои ги носат дечињата овде е од голема помош прво, дека не треба да патуваат во други места и временски е поисплатливо. Исто така, секој третман кај нас е бесплатен и тие што влегуваат во пакетите од детска заштита што ги обезбедува државата, но и приватните. Значи ние заедно со државата работиме да им помогнеме на родителите и на децата да имаат поквалитетен живот“, рече Емини.

Центарот во Гостивар секојдневно го посетуваат 40-тина деца. Потреба од проширување има, со оглед дека бројот на деца со аутизам бележи пораст, посочуваат стручните лица.

На денешниот панел „Аутизам, достигнувањата, предизвиците и институциите“ учествуваа и Афердита Хамза-раководител на општинското Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита, Самир Грбле-дефектолог и Зумрета Џемаили – Специјален едукатор и рехабилитатор – логопед.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 59 минути

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 3 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 6 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 7 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 18 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 19 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 21 час

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 23 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена