Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележан Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври

Објавено

на

Претстојниот државен празник, Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври во Гостивар беше одбележан вечерва со пригоден настан, што го организираше гостиварскиот Сојуз на борци. На одбележувањето присуствуваа членови на боречката организација, пратениците во Собранието од Гостивар, Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ и Драгољуб Филипоски од СДСМ, како и претседателите и членови на локалните партиски ограноци и почитувачи на слободарските традиции.

„Денешната свеченост ја посветуваме на 23 Октомври. Со нашата почит и искрена љубов кон нашата татковина порачуваме, нека ни е вечна и вековита. Во тоа име без разлика на тоа кои сме, какви сме и како се викаме, како и до сега, високо да го издигнеме слободарското знаме, знамето на мирот, заедништвото, толеранцијата и без резерви да чекориме кон иднината, во интерес на сите нас.“, рече во поздравниот говор,  претседателот на гостиварската боречка организација, Радислав Ѓиноски.

За почетоците и значењето на организираната револуционерна борба на македонскиот народ, преку реферат потсети професорот по историја Горан Павлоски.

„Појавата на револуционерната организација е една од најсветлите појави во македонската историја, која ја пробудила свеста кај народот дека е достоен да има своја држава. После нејзиното основање револуционерната идеја започнала брзо да се шири помеѓу широките народни маси, пред се‘ помеѓу прогресивната младина и нивните професори кои стануваат р‘бетот на организацијата. „Смрт или слобода“ била паролата под која организацијата постепено ги ширела своите редови, во неа се вклучиле голем број македонски интелектуалци. Посебна улога во дејствувањето и ширењето на организацијата имал Гоце Делчев, кој во нејзините редови се вклучил во 1894 година и станал најпрепознатлива фигура, кој со својот авторитет успеал да ја прошири мрежата на организацијата и до најмалите населени места. Организацијата набргу ќе прерасне во „држава во држава“ во Османлиската империја. Круна на таа организираност и борба беше Илинденското востание и Крушевската Република. Историски факт е дека Илинденското востание е дело на самиот македонски народ. Тоа беше борба за негов опстанок и ослободување.“ истакна Павлоски.

На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик. На почетокот наречена Македонски револуционерен комитет, потоа преименувана во ТМОРО, ВМОРО, а најмногу позната како ВМРО.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 46 минути

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 2 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 6 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 7 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 18 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 19 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 21 час

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 22 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена