Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар одбележан Денот на независноста на Република Македонија

Објавено

на

Со свечен собир пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк во Гостивар беше одбележат утрешниот празник, 8 Септември. Прославата по повод Денот на независноста на Република Македонија ја организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар. На одбележувањето присуствуваа граѓани, ученици, претставници од политички партии и здруженија.

За важноста на датумот и историската одлука донесена на 8 септември 1991 година,  зборуваше претседателот на боречката организаицја, Радислав Гиноски. Во своето обраќање, тој испрати порака дека иднината на Македонија треба да се гради со заеднички сили на сите граѓани и чинители.

„Наша обврска, задача и императив е сложно и заеднички преку нашето единство да продолжиме да ја градиме нашата држава и општетсвото како целина и да го исполниме аманетот на нашите предци кои докажаа како се сака, брани и гради сопствената татковина. Без разлика кои сме, какви сме, и како се викаме и на кој јазик зборуваме, високо да го издигнеме слободарското знаме, знамето на зедништвото и толеранцијата, добрите меѓуетнички односи и заеднички да зачекориме во иднината во интерес на сите нас, а посебно на младите генерации. Имаме потенцијали, високо развиена свест, потребно е само да се впрегнат сите сили, заеднички сложно, Република Македонија да ја внесеме во Европската Унија и Северноатланската Алијанса.“, рече Гиноски.

Букети цвеќе на споменикот на паднатите борци, положија делегации на боречката организација и на гостиварските ограноци на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ. Со едноминутно молчење им беше одадена почит на оние кои го положиле својот живот на слободна и независна држава.  .

Осми септември како државен празник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена