Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележан јубилеј 80 години од основањето на Црвен Крст – „Ние гледаме луѓе“

Објавено

на

На пригодна манифестација, со доделување на јубилејни плакети, потсетување на историјатот и презентација на активности, денес во Гостивар беа одбележани 80 години од основањето на Црвениот Крст на Македонија.

На настанот под мотото „Ние гледаме луѓе“ присуствуваа членови и волонтери на организацијата на државно и на локално ниво, соработници, поддржувачи, претставници на институции, здруженија и слично.

„Идејата е да се сретнеме со нашата локална организација, но и со градоначалниците од ова подрачје и нивните тимови со кои соработуваме и ги покриваме со нашите активности, тоа е една можност да им се заблагодариме за поддршката. Волонтерите и вработените секојдневно прават добри работи и излегуваат во пресрет на луѓето, правиме и предизвикуваме позитивен ефект во заедницата. Се трудиме секаде кадешто е потребно да стигнеме. Свесни сме дека потребите се големи, но свесни сме и дека обврската и амбицијата наша е да стигнеме до што поголем број на луѓе.“, изјави генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити.

Претседателот на Општинската организација во Гостивар, Бесник Зеќири во своето обраќање подвлече дека во работењето и спроведувањето на активностите најважна е соработката и меѓусебната поддршка на сите вклучени.

„Во прв план би ги истакнал нашите волонтери, вработените, и секако локалните самоуправи со градоначалниците, како и сите останати кои се дел од таа соработка. Важни се и медиумите кои ги покриваат нашите активности и ја пренесуваат реално важноста на она што го работиме. Верувам дека за овие осум декади, имаме многу направено и ние сме партнер на Владата во сите сфери на животот, се разбира фокусот ни е хуманоста“, рече Зеќири.

Позитивно се оценува што младите во голем број се вклучуваат во Црвениот Крст, стануваат активни и посветени волонтери.

„Во време кога младите имаат секакви понуд и можности, ние сепак успеваме да ги мотивираме дел од слободното време да го посветат на Црвениот Крст. Тоа ни дава надеж да кажеме дека иднината на Црвениот Крст не е загорзена, напротив дека е светла, затоа што нашите редови перманентно ги освежуваме со нови луѓе. Тоа е уште еден доказ дека Црвенот Крст“, оцени Саити.

На одбележувањето на градоначалниците на Општините Гостивар и Маврово Ростуше, Ваљбон Лимани и Медат Куртовски им беа доделени плакети во чест на јубилејот.

Присутните на настанот имаа можност да проследат видео презентации за историјатот на Црвениот Крст, спроведените проекти, како и активностите на гостиварската општинска организација.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена