Вести
Во Гостивар одбележан Осми април
Со свечено истакнување на знамето на Ромската заедница пред зградата на општината во Гостивар и интонирање на ромската химна, денес беше одбележан 8-ми април, Светскиот ден на Ромите.
Претставници на ромската заедница по повод денот, беа на прием кај гостиварскиот градоначалник. „Во Гостивар, последните четири години, 8-ми април се слави како никогаш до сега. Секогаш кога доаѓа овој ден велам дека тука се слави повеќе и од општината каде е концентрирано ромското население Шуто Оризари. За тоа сме благодарни на општината и градоначалникот кој има разбирање што значи идентитетот, знамето и химната за еден народ“, изјави Кашмир Салиу, член на Советот на општина Гостивар
„Пред две годни прв пат го истакнавме знамето на ромската заедница и со тоа сите наши граѓани и Албанци, и Турци, Македонци и други знаат дека 8-ми април е Светски ден на Ромите. Во мое лично име и име на вработените им го честитам празникот на сите Роми“, рече градоначалникот Невзат Бејта.
По повод Осми април во Гостивар се организира и Ромски бал.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди