Гостивар
Во Гостивар одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

По повод 21 Март, датум кој важи за Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром во Гостивар се организираше настан со заедничка дружба на деца, родители, претставници на здруженија на лица со попречености и општината. Симболично присутните ги обоија рацете во шарени бои и оставаа отпечатоци на обележјето со името на градот, покрај шеталиштето на Вардар.
„Овде сме заедно со децата со Даунов синдром и децата со посебни потреби, имаме активност и дружење по повод 21 Март, а потоа одиме на заеднички ручек. Ние како општина се обидуваме да направиме за овие деца најмногу што можеме, иако секогаш велам дека никогаш не е доволно. Во неколку училишта веќе има посебно опремени училници за децата со Даунов синдром и со посебни потреби, функционира Центар, има неколку канцеларии на невладини организации кои ги потпомагаме. Секогаш ни е задоволство и често се дружиме со нив за некои празници и одбележувања“, рече градоначалникот, Арбен Таравари.
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром годинава се одбележува под мотото „Со нас – не за нас“ и е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.
„Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар, бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација. Носете ги на редовни контроли за слух, вид и општото здравје. Охрабрете ги да бидат физички поактивни“, се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.
За овие лица се препорачува да посетуваат логопед за помош при зборување, физиотерапевт – за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус, оптометрист и/или специјалист за слух – за помош со видот и слухот, како и да се разговара со семејниот лекар или педијатар за информации како дете може да ги добие овие услуги.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение