Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележани 75 години од стрелањето на активистите од НОБ

Објавено

на

Пред спомен плочата близу црквата на градскиот плоштад во Гостивар, денес беа одбележани 75 години од стрелањето на шестмината активисти од Народноослободителната борба. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци.

„Во услови кога привршуваа завршните акции за конечното ослободување на Македонија и кога над хоризонтот се наѕираше новата зора и слободата, окупаторските власти преминаа на пресметка и репресалии со сите напредни и прогресивни сили кои се бореа за новото, напредното, за слобода и прогрес. На 10-ти номеври 1944 година во предвечерието на конечното ослободување на Гостивар, овде во црковниот храм тогаш „Свети Сава“, денес „Пресвета Богородица“ група балистички платеници, откако ги фатиле и брутално ги претепале пред очите на јавноста ги стрелале шестмината активисти. Временската дистанца не ја намалува болката кон нив, но уште посилна ја чини благодарноста за нивната жртва“, рече во своето обраќање Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци-Гостивар

Стрелани биле: Васил Пејчиноски (Долна Бањица), Израил Зафироски (Долна Бањица), Маринко Ѓорѓиески (Долна Бањица), Сократ Павловски (Гостивар), Павле Петревски (Балиндол) и Киро Ристовски-Дрнц (Тетово).

На спомен плочата поставена во нивна чест беше положено цвеќе, а присутните им одадоа почит и со едноминутно молчење.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена