Гостивар
Во Гостивар одбележани 78 години од пробивањето на Сремскиот фронт

Општинскиот одбор на Сојузот на борци во Гостивар денес со пригоден собир и положување свеќе одбележа 78 години од пробивањето на Сремскиот фронт во кои операции за конечно ослободување на Југославија учествувал 15-от македонски корпус. Настанот се одржа пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.
„Петнаесеттиот македонски корпус влезе во состав на првата југословенска армија. Во содејство со другите единици на 12 април 1945г. беше пробиен Сремскиот фронт. Македонските воени формации водеа тешки борби кај Товарник, Винковци, Славонска Пожега, учествуваа и во ослободувањето на Загреб, а дел се бореа и во Словенија. Во тие борби загинаа 1.674 борци од Македонија од сите националности. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Гостивар и гостиварско чесно го дадоа својот придонес во големата и пресудна борба за слобода. Од Гостивар и гостиварско паднаа 332 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор. Само во завршните операции за ослободување на Југославија животите ги загубија 218 наши сограѓани, додека стотина беа ранети. Сето ова прави актерите на овие настани да се вселат во историјата како личности кои не само што знаеле да ја изберат вистинската страна, туку со својата решеност и пожртвуваност ги задолжуваат сегашните и идните генерации.“ , истакна Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци во Гостивар и ги прочита имињата на сите загинати борци од гостиварско.
Одбележувањето заврши со положување на цвеќе на споменикот.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение