Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележани 79 години од Февруарскиот поход

Објавено

на

Во чест на 79 години од Февруарскиот поход во Гостивар претпладнево се одржа пригоден собир и беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во градскиот парк. Одбележувањето го организираше општинската организација на Сојузот на борци од Гостивар.

„Денешното одбележување го посветуваме и на нашите 40 сограѓани кои ја поминаа голготата на Февруарскиот поход. Има датуми и настани од времето на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија што останаа живо да раскажуваат за едно преломно време и нивната светлина не згаснува, тие трајно го чуваат споменот за човечкиот непокор. Еден од тие светли датуми е 79 годишнината од Февруарскиот поход. Да се потсетиме на херојските подвизи на борците, нивната издржливост и нивната верба за посветлна иднина“, рече во обраќањето пред присутните Радислав Ѓиноски, претседател на Сојузот потсетувајќи во продолжение на историските моменти од борбените операции познати како Февруарски поход:

„Историчарот ќе забележи дека Првата македонско-косовска бригада тргнала од Егејска Македонија со задача да се пробие во Азот и Порече и да се разгори вооружената борба во тој дел на Македонија. Натаму ќе објасни дека, на тој пат во реонот на Азот и Мариово бригадата ја попречиле силни бугарски окупаторски сили со кои водела повеќедневни и деноноќни борби во опкружување, бригадата била принудена да се врати во Егејска Македонија. Во состав на бригадата се бореа 40-тина наши сограѓани, а некои за жал останаа на тој долг борбен пат. Загинаа гостиварците: Васил Василески, Борче Јованоски и Крсте Ѓиноски, вруточанецот: Слободан Пепоски, беличанецот: Светозар Спироски, ниќифорецот: Денко Дејаноски и богдевецот: Злате Малакоски.“, кажа Ѓиноски. Учесник во Февруарскиот поход бил и народниот херој Чеде Филипоски-Даме.

Настанот го проследија челнови на боречката организација, ученици, наставници, како и претставници од политичките партии.

Букети цвеќе на споменикот на паднатите борци положија делегации на Сојузот на борци, на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар и на ОО СДСМ Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена