Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележани 80 години од пробивот на Сремскиот фронт

Објавено

на

    По повод 80-годишнината од пробивот на Сремскиот фронт, денес пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк во Гостивар се одржа комеморативно одбележување во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци.

    Собирот беше посветен на сеќавањето и оддавање почит кон борците на 15-от македонски корпус, кој бил дел од завршните операции за конечно ослободување на Југославија. На настанот присуствуваа претставници од боречката организација, ограноци на политички партии, како и ученици од локалните основни училишта.

    Преку пригоден реферат, претседателот на Сојузот на борци – Гостивар, Радислав Ѓиноски, ги потсети присутните на историското значење на завршните воени операции и учеството на македонските формации во пробивот на Сремскиот фронт. Тој нагласи дека на 12 април 1945 година, Петнаесеттиот македонски корпус, како дел од Првата југословенска армија, се истакнал во борбите кај Товарник, Винковци, Славонска Пожега, и учествувал во ослободувањето на Загреб и делови од Словенија.

    „Од Македонија, во овие завршни операции загинаа 1.674 борци од сите националности, меѓу кои и 332 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор од Гостивар и гостиварско. Само во последните борби животите ги загубија 218 наши сограѓани, додека стотина беа ранети. Тие се вселуваат во историјата како личности кои знаеле да ја изберат вистинската страна и со својата решеност ги задолжуваат сегашните и идните генерации“, истакна Ѓиноски.

    Настанот заврши со едноминутно молчење и положување на свежо цвеќе пред споменикот. Букети положија делегации од Сојузот на борци, како и претставници на гостиварските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена