Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Објавено

на

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, 9-ти Мај, денес во Гостивар, Општинскиот одбор на Сојузот на борци организираше прогодно одбележување со собир, реферат и положување на цвеќе.

Настанот, на присуствуваа граѓани, ученици, политички претставници и здруженија се одржа во Летниот Амфитеатар покрај Вардар.

„Девети мај, меѓу другото треба да послужи како потсетник дека фашизмот не е искоренет и вистински поразен во Европа и светот. И дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно бидејќи антифашизмот нема алтернатива. Македонија ги почитува овие два големи настани, затоа што тие почиваат на вредности во кои веруваат граѓаните“, рече во своето обраќање Ратко Гиноски, претседател на Сојузот на борци-Гостивар.

Професорката по историја, Катица Аврамоска преку реферат потсети на историските настани и порача: „Да не ги заборавиме борците, кои ги положија своите млади животи за да живеат во легените и да служат за поука на идните генерации. Да знаат дека она што го имаме никој не му го подари на народот “.

Одбележувањето се заокружи со положување цвеќе пред споменикот  на паднатите борци во градскиот парк и со едноминутно молчење во знак на почит на оние кои го положиле животот за слободата.

На 9 мај 1945 година Германија ја потпишува својата капитулација во Втората светска војна, во која животот го загубиле милиони луѓе, датум кој се  одбележува како Ден на победата над фашизмот. Војната е официјално завршена неколку месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија.    

Денот на Европа се слави во чест на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, како прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена