Гостивар
Во Гостивар околу 1.500 граѓани фатиле грип
Гостивар се наоѓа на четвртото место во земјава, по број на заболени од грип оваа сезона, после Скопје, Струмица и Кавадарци. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, во гостиварскиот регион од вирусот до сега се заразиле околу 1.500 граѓани. Грипот е се` уште активен, но полека почнува да стивнува, за разлика од месеците јануари и февруари кога го достигна врвот.
Лабараториските анализи на примероци од заболени пациенти покажале дека доминантен е вирусот од типот А Х1-Н1 пандемски грип, а циркулира и Х3 инфлуенца.
Оваа сезона се одликува со задоцнет старт и брзо ширење на вирусот, со голем број на пријавени сериозни респираторни инфекции и смртни исходи асоцирани со грип, наведуваат епидемиолозите.
Во земјава до сега вкупно се заболени околу 20.200 лица, а регистрирани се 23 смртни случаи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар