Вести
Во Гостивар отворен првиот официјален фан клуб на Бешикташ
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/03/Mesale_4.jpg)
Симболично на 19.03, во Гостивар беше официјализиран првиот фан клуб на турскиот фудбалски клуб Бешикташ. Фановите го избраа датумот, со оглед на тоа што клубот е формиран во 1903 година. Отворањето на фан клубот, кој е вистински рај за секој навивач на Бешикташ се случи во вистинска фудбалска атмосфера, различни генерации на едно место сите симпатизери на Бешикташ со навивачки песни и реквизити.
За основањето, плановите, функционирањето на фан клубот разговаравме со дел од раководството на Besiktas JK Makedonya – Гостивар.
Како дојде идејата да основате фан клуб на Бешикташ во Гостивар?
BJKM: Како љубители на спортот и фанови на Бешикташ секогаш бевме заедно, со цел да се организираме подобро и службено да ги реализираме нашите планови во областа на спортот во Република Македонија се одлучувме да основаме официјално здружение.
Која е целта на здружението?
BJKM: Како прва цел е да се повлечеат си граѓани од лоши социјални навики, посебно младите. А после тоа да се оствари поголем интерес за турскиот клуб Бешикташ. Во план се да се организираат патувања на натпревари каде настапува Бешикташ во Истанбул и во блискиов регион, не само во фудбал туку во сите спортови. Здружението не е само фан клуб. Во поголемата програма ни се и организирање на турнири, дури и формирање на спортски клуб се со цел за унапредување и развој на спортската култура во регионот и државата. Како здружение во план ни е и бизнисмените кои се навивачи на Бешикташ, економски да ги поттикнеме да инвестираат во нашиот регион.
Каква е соработката со фудбалскиот клуб Бешикташ? Имате ли поддршка од Истанбул?
BJKM: Во Гостивар отворен првиот официјален фан клуб на Бешикташ е прво здружение во Република Македонија што е одобрено од еден странски спортски клуб. Сите останати се само навивачки здруженија. Соработката од самиот почеток е голема и така ќе остане. Поддршката од Истанбул за сега е само морална. Но, како што спомнавме во нашите цели сите планови ќе бидат реализирани со поддршка на клубот Бешикташ.
Која е процедурата за зачленување во клубот? Кој може да се зачлени?
BJKM: Прво правило за тој што сака да се зачлени во клубот е да има симпатии кон Бешикташ. После доаѓаат други процедури. Полнолетни лица може да се зачленат со писмена изјава. Малолетните лица од 14+ години, мора да приложат писмена изјава, согласност од родител.
Дека работата е сериозна говори фактот што овој клуб ќе биде регионален центар на сите останати фан клубови на Бешикташ кои ќе се формираат во иднина во овој регион. Лоцирани во централно градско подрачје, подготвени простории со сите услови за безпрекорно следење на натпревари, располагаат со квалитетен промотивен материјал, убаво изработена веб страна www.bjkmakedonya.com, активни се и комуницираат со своите членови преку социјалните мрежи. Се на се едно убаво, комплетно црно-бело катче каде сите навивачи на Бешикташ и љубители на спортот ќе може да се дружат.
Седиштето на клубот се наоѓа на:
Булевар ББ
1230 Гостивар
тел:+389 42 288 898
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград