Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар отворена изложба за животот и делото на Ченто

Објавено

на

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, денес беше отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ на историчарот Рубин Белчески. Изложбата содржи дваесетина паноа, на кои се прикажани околу 250 фотографии, записи и документи врзани за животот и делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Како што беше речено на отворањето, целта на изложбата е да се долови животниот пат на Методија Андонов – Ченто, на еден поинаков начин.

„На фотографиите е прикажан животот на Ченто, од неговото раѓање, до неговата смрт“, рече Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци Гостивар.

Авторот објасни дека фотографиите и документите ги собирал повеќе години, истражувал во македонските музеи, институции, приватни архиви, а голема помош имал и од семејството на Ченто. Тој истакна дека планира да објави и публикација – фотомонографија посветена на оваа значајна историска личност од македонската историја.

„Со осамостојувањето на Македонија, почна почесто да се зборува за името на Ченто и поголем број на публицисти, историчари, новинари почнаа да пишуваат за неговите лик и дело. Тоа беше поттик и за мене, и јас да дадам свој придонес во расветлувањето, а пред се` во презентирањето на ликот и делото на Ченто“, рече Белчески.

Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура во Гостивар, десетина дена. Истата до сега е претставена низ сите поголеми градови во Македонија, а со неа лани се одбележаа 115 години од раѓањето и 60 години од смртта на Ченто.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена