Гостивар
Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Наместо да ги фрлаат или чуваат неисправни по подруми, граѓаните во Гостивар отсега ќе имаат можност старите предмети и апарати да ги поправат бесплатно и повторно да си ги користат. Утрово беше пуштена во употреба Мултифункционална работилница за поправка на стари предмети, која е резултат на проект на Локалниот клуб на СДММ Гостивар, во соработка и со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт, и општината.
Работилницата се наоѓа во гостиварското техничко училиште.
„Мултифункционалната работилница ќе нуди разни занаетчиски и шивачки услуги, со неа ќе раководи лице ангажирано да ја одржува и да ги опслужува граѓаните, да излезе во пресрет на нивните барања. Секој граѓанин кој ќе дојде во работилницата, може и самиот да ги користи алатките и да ги поправа предметите, секако доколку има желба и знаење од занаетчиство, или пак да учествува во процесот на поправка и да се стекне со одредени занаетчиски вештини. Се надеваме дека ова ќе биде од долготраен карактер, затоа што е општокорисно, мултифинкционално и се надеваме дека во иднина ќе можеме и да ги прошируваме услугите како работилница. Она што е многу важно е дека сите услуги се бесплатни“, изјави Ема Нешковска, дел од проектниот тим.
Целта на работилницата која носи име „Прогрес“ е да ги натера луѓето почесто да ги поправаат старите и расипани предмети, а поретко да ги фрлаат во ѓубре, со што директно ќе се влијае кон намалување на нивото на отпад, да ја заштити животната средина и да ги поттикне занаетчиските особини кај луѓето, пред се кај младите.
„Историјата покажува дека некогаш мала работа, може да направи голема промена. Преку вакви локални активности каде иницијатори се младите, во случајот социјалдемократската младина, се прави пракса количеството на отпад кое финално се депонира да го намалиме. Иако е една мала работилница, во само една општина во државата може да значи многу, во насока да ги поттикне сите останати, дека не се‘ ште е отпад треба да биде ѓубре, односно дека можеме да го реупотребиме, рециклираме“, рече министерката за животна средина Каја Шукова.
Општина Гостивар дава поддршка на проектот преку обезбедување на просторија во техничкото училиште и подмирување на месечните комуналии.
„Проектот ми се допадна уште кога Ема првично ми го презентираше. Знаеме дека во земјава има се‘ помалку занаетчии, и затоа во оваа работилница гледаме можност за заживување на занаетчиството. Сметавме дека техничкото училиште е вистинското место за тоа, затоа што ќе овозможи и учениците да совладаат занаетчиски вештини. Од друга страна, сите ние имаме некои предмети дома постари кои се оштетиле на некој начин, но за кои сме врзани емотивно, ни се драги, па на овој начин ќе можеме да ги поправиме и користиме повторно“, истакна градоначалникот Арбен Таравари.
Настанот на кој беше презентиран проектот и целите, беше заокружен со доделување на благодарници.
Според најавите, работилницата ќе биде отворена секој работен ден.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!