Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар почина жена позитивна на корона, лекари и сестри од болницата во самоизолација

Објавено

на

Жена од село на подрачјето на Општина Врапчиште, кај која бил потврден коронавирус, вчера починала во општата болница во Гостивар. Позитивниот резултат од тестот, бил добиен половина час пред да настапи смртта. Пациентката била донесена во болницата во тешка состојба, поради што медицински екипи интервенирале со реанимација. Петнаесетина медицински лица се ставени во домашна самоизолација. Се работи за целата смена на лекари и сестри од Ургентниот центар, како и неколку лекари од други одделенија, кои биле повикани за интервенција.

Директорот на болницата Јакуп Јакупи рече дека се преземени сите мерки според протоколите, и дека застој во работата на установата нема да има.

„Ги презедовме сите неопходни мерки како што е препорачано и според протоколите за вакви случаи. Медицинскиот персонал е испратен во домашна самоизолација од 14 дена, а веднаш е извршена целосна дезинфекција на просториите. Застој во работата на одделенијата и службите нема, затоа што сме подготвени за вакви ситуации и го организираме персоналот на начин да нема пречки во функционирањето“, рече Јакупи.

Во денешната статистика на Министерството за здравство, овој случај не е евидентиран како смртен, најверојатно поради временската рамка на пријавување.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена