Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар почнува со работа Центар за згрижување на жртви на семејно насилство

Објавено

на

    Жртвите на семејно насилство во Гостивар ќе добиваат засолниште и заштита во посебен Центар за згрижување. Таму, ќе им се пружа психолошка, медицинска и друг вид на неопходна помош и поддршка од стручни лица, за да можат да се справуваат со траумите предизвикани од претрпеното насилство.

    На денешната седница на Советот на Општина Гостивар едногласно беше донесена одлука со што се овозможи почеток на работа на Центарот, под водство на невладината „Етика“ , која по објавен јавен повик е избрана од страна на Комисија.

    „Ваков тип на проект е наше дамнешно барање. Нашата организација со оваа проблематика се занимава од 2003-та година и сметаме дека е нешто најпотребно за жртвите на семејно насилство. Центарот располага со простории од околу 105 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 8 до 10 лица.“, рекоа од „Етика“.

    Општина Гостивар за работата на Центарот ќе издвои 1 милион и 200 илјади денари.

    „Сите постапки и процедури беа спроведени според правилници и прирачник, во кои, меѓу другото е наведено дека заради заштита на жртвите и нивниот идентитет, забрането е да се даваат информации за локација на Центарот и одредени детали“, појасни Имерлие Салиу од општинскиот Сектор за социјална заштита.

    Семејното насилство е горлив проблем во чие надминување и ублажување на последиците треба да се вклучуваат сите релевантни институции, полицијата, социјалните служби, судовите, медицинските установи, граѓанските организации, училиштата, заедницата.

    На гостиварско подрачје годишно се регистрираат и до педесетина кривични дела врзани со насилство во домот. Најчести жртви се жените, но од насилници страдаат и деца, родители, баби, дедовци…

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 11 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 12 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 18 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 19 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 22 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена