Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар покрај Вардар се гради атрактивен спортско-рекреативен центар

Објавено

на

Гостивар ќе добие атрактивен спортско-рекреативен центар покрај Вардар. Работите за изградба се веќе отпочнати. Градежната механизација најпрво го уредува и подготвува теренот, а потоа ќе се пристапи и на вметнување на елементите. Освен вообичаената урбана опрема во шеталиште, како клупи, корпи за отпад, канделабри, предвидени се специјални патеки за стари и лица со посебни потреби, вештачки карпи за качување, други реквизити за вежбање и слично. Подлогата по целата површина ќе биде од посебен вид на гума, во различни бои.

Центарот ќе се протега на кејот од малиот до големиот мост, во должина од скоро половина километар.

Како ќе изгледа може да се види од фотографиите на проектантите.

Инвестицијата е на Општина Гостивар, во рамки на проектот„ Јакнење на општинските совети“, што го спроведе УНДП со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Општина Гостивар минатата година аплицираше и го доби проектот. Се одржаа повеќе форумски сесии со граѓаните за да го слушнеме нивното мислење и предлози и во декември предлогот за вакво уредување на Кејот, беше избран како приоритетен. Ова е една од капиталните инвестиции на општината во оваа година.“, рече Дашмир Османи, координатор на проектот

Работите за изградба на центарот се одолговлечени поради изборите и состојбата со короната, но проценка на надлежните е дека комплетно ќе завршат наесен, односно кон крајот на септември.

Реализацијата на овој проект, кој сигурно ќе ги израдува гостиварци, чини 250 илјади евра. 50 илјади се обезбедени од Швајцарската агенција за развој, додека 200.000 од буџетот на Општина Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена