Гостивар
Во Гостивар поставени инфо-табли за реката Вардар

Гостиварската локална самоуправа постави информативни табли за Вардар, кои содржат основни податоци за реката, испишани на македонски, албански, турски и на англиски јазик. Таблите се поставени близу шеталиштето крај Вардар, а утрово беа откриени во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“.
„Ја користиме приликата да ги промовираме трите информативни табли со карактеристиките на реката Вардар. Ова место е многу атрактивно за посетителите и ги поставивме таблите за кога доаѓаат посетители од други места, странци, да ги знаат основните податоци за реката Вардар, која поминува низ нашиот град и го прави овој дел да биде највпечатлив и најубав“, рече Зуди Џелили, одговорен во општинскиот сектор за заштита на животната средина.
Вардар извира од гостиварски Вруток и е најголемата река во Македонија. Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км².
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение