Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар презентирана можност за грантови за развој на социјални услуги

Објавено

на

На презентација која се одржа денес во Гостивар претставници на граѓанските организации и општините од полошко се запознаа со роковите, постапката за аплицирање и условите на јавниот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Општините ќе бидат носители на идните проекти за социјални услуги во своите средини, заедно со локални граѓански и невладини организации како даватели на услугите. Целта на презентацијата е да се мотивираат да аплицираат на повикот и да предложат што поквалитетни проекти за социјални услуги на локално ниво.

„На оваа презентација присутни се претставници на граѓанските организации и здруженија, како и институции. Ние како општина имаме интерес да се пријавиме на повикот, и се надеваме дека и здруженијата ќе пројават заинтересираност“, рече Имерлије Салиу од Секторот за социјални дејности во Општина Гостивар.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена