Гостивар
Во Гостивар презентирана можност за грантови за развој на социјални услуги
На презентација која се одржа денес во Гостивар претставници на граѓанските организации и општините од полошко се запознаа со роковите, постапката за аплицирање и условите на јавниот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Општините ќе бидат носители на идните проекти за социјални услуги во своите средини, заедно со локални граѓански и невладини организации како даватели на услугите. Целта на презентацијата е да се мотивираат да аплицираат на повикот и да предложат што поквалитетни проекти за социјални услуги на локално ниво.
„На оваа презентација присутни се претставници на граѓанските организации и здруженија, како и институции. Ние како општина имаме интерес да се пријавиме на повикот, и се надеваме дека и здруженијата ќе пројават заинтересираност“, рече Имерлије Салиу од Секторот за социјални дејности во Општина Гостивар.
Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар