Гостивар
Во Гостивар презентирани можности за културни проекти финансирани од ЕУ

Повиците за проекти од програмата „Креативна Европа“ денес беа презентирани во Гостивар пред претставници на невладиниот сектор, установи и институции. Присутните на настанот што се одржа во Центарот за култура АСНОМ, имаа можност да слушнат подетално околу условите и аплицирањето за категориите „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори.
„Оваа презентација се прави со цел да ги информираме и мотивираме потенцијалните апликанти доколку се во можност да се вклучат во повиците кои се тековни за оваа 2023-та година. Сепак, Програмата трае до 2027-ма година и редовно на годишно ниво се објавуваат повици, така добро е да се запознаат со критериумите и начините на аплицирање, да одлучат дали можеби ќе се јават на повик во некоја од наредните години. Инаку, станува збор за повеќегодишни европски копродукциски проекти кои може да траат до 48 месеци. Вклучени се 42 земји од кои нашите организации може да си најдат партнери и да изработуваат заеднички проекти во сите области на културните и креативни области почнувјаќи од архитектура, издаваштво, музика, визуелни уметности итн.“, појасни Билјана Прентоска од Министерство за култура.
Краен рок на поднесување на апликациите за годинешните повици е 23 февруари.
За повикот „Проекти за соработка“ обезбедени се вкупно 60.076.809 евра, а се очекува да бидат кофинансирани околу 130 копродукциски предлог-проекти на европско ниво. За повикот „Циркулација на европски книжевни дела“ се обезбедени 5.000.000 евра, а се очекува да се поддржат околу 40 проекти.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава