Вести
Во Гостивар презентирани владините мерки за поттикнување на домашните инвестиции

Министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, Зоран Шапуриќ, на средба со претставници на бизнис секторот во Гостивар, ги презентираше планираните владини мерки за 2018-та година за поттик на домашните инвестиции.
„Најголем дел од овие мерки ќе бидат за инвестиции во домашното произвдство, инвестици во производни погони, за развој на компаниите, зголемување на извозот, нови вработувања и зголемување на платите. Ќе се аплицира по јасни и транспарентни критериуми. Посебен акцент ќе биде ставен на поттик на малите и средни претпријатија со оглед на тоа што тие вработуваат околу 80% од вкупниот број на вработени“, изјави Шапуриќ.
Министерот истакна дека вакви информативни сесии, како денешната во Гостивар се организираат и низ останатите градови во Македонија. Освен за запознавање на стопанствениците со мерките за поддршка, средбите се користат и да се слушнат потребите и барањата на бизнис заедницата.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден