Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар пријавени над 200 случаи на грип за една недела

Објавено

на

Во периодот од 27 декември 2021 до 2 јануари 2022, во земјава пријавени се 565 случаи на грип/ заболувања слични на грип, соопшти Институтот за јавно здравје. Споредено со истиот период минатата сезона бројот е десетпати зголемен.

Во однос на возраста, 358 лица се на возраст од 15-64 години, 136 деца на возраст од 5-14 години, 54 се деца на возраст од 0-4 години и 17 лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени во: Гостивар – 202, Дебар – 174, Тетово – 73, Кавадарци – 35,  Охрид – 34, Куманово и Струмица – по 16, и во Штип и Скопје каде бројот на пријавени е помал од 10.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип изнесува 1.713. Најголемиот дел од нив се регистрирани на територијата на Дебар, по што следува Гостивар.

Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи. За сезоната 2021/2022, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 20.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, вакцинирани се вкупно 44.822 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Дополнителни 11.900 вакцини се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население, кои чинат 800 денари. Со комерцијални вакцини, вакцинирани се над 4.300 лица.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 26 минути

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 2 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 4 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 4 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 6 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 7 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 9 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 10 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена