Вести
Во Гостивар приведени пет лица за нарушување на јавен ред и мир
Синоќа, околу 1 часот и 30 минути по полноќ, во куќа на улицата „Панче Поповски“ во Гостивар, биле приведени пет албански државјани на возраст од 19, 22, 30, 41 и 43 години поради нарушување на јавниот ред и мир, информира Секторот за внатрешни работи. Албанските државјани немале пријавен престој на подрачјето.
По приведувањето, лицата биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
Според податоците од полицијата, во изминатите девет месеци од оваа година, во редовни и акциски контроли, на поширокото полошко подрачје биле откриени вкупно 113 странски државјани, од кои 96 во Тетово и 17 во Гостивар, кои нелегално престојувале и биле ангажирани, најчесто во градежни и земјоделски активности.
Најголемиот број од нив биле од Албанија, а имало и од Косово и Турција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград