Гостивар
Во Гостивар промотивна кампања за бесплатна правна помош

Промотивната кампања за бесплатна правна помош денеска продолжува во Гостивар, каде ќе присуствуваат министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Кампањата е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, кои ќе се одржат во различни региони во државата со цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.
Целта на јавните промоции е да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита.
Оваа иницијатива е организирана во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!