Поврзи се со нас

Култура

Во Гостивар промовирана книгата „Јас сум“ за животот на Елиза Абдија

Објавено

на

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер се одржа промоција на книгата „Јас сум“ од Вјолца Бафтиу Зулбеари, којашто е базирана на реалниот живот на младата гостиварка со оштетен вид, Елиза Абдија. Книгата го претставува животот на Елиза и носи порака дека лицата со оштетен вид и слепите лица се дел од нашето општество, ги покажува нивните предизвици и таленти, воедно посочувајќи како треба општеството да се однесува кон нив.

На промоцијата меѓу публиката во големата сала, беа и лица од јавниот живот, претставници од локалната самоуправа, од здружението на слепи и лица со оштетен вид Реалност и др.

„Благодарам што вечерва бевте дел од мојот сон, од текстот напишан пред неколку години за театарската претстава до објавувањето и промоцијата на книгата „Јас сум“. Се чувствувам привилегирано меѓу сите вас и ви благодарам што ги поддржувате моите културни активности.“, вели авторката.

На настанот свое обраќања имаше и Елиза, рецензентот на делото Агим Мустафаи, претседателот на Реалност, Џеват Фејзули, општинската претставничка Аслијан Снопче, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура и гостиварскиот Центар за култура.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена