Поврзи се со нас

Култура

Во Гостивар промовирана новата збирка поезија на Александар Михајловиќ

Објавено

на

„Помалку измамени“ е насловот на стихозбирката од Александар Михајловиќ, која попладнево беше промовирана во Гостивар. Книгата содржи 45 песни, кои авторот ги создавал во последните две години, а е издадена со поддршка на Министерството за култура.

„Тимот што учествува во креирањето на книгата е тотално локален гостиварски. Рецензент е новинарката и поетеса Љупка Антеска, лектурата ја направи професорката  Габриела Петроска, додека дизајнот на корицата младата Едона Османи. Песните се пишувани во изминатите две години, особено во пандемискиот период, темите се различни, има љубовна поезија, социјална, мисли и дилеми од човековото секојдневние и друго. Се надевам дека читателската публика ќе има позитивни критики.“, рече авторот.

На промоцијата за поезијата на Михајловиќ зборуваше поетот Љулзим Хазири, кој меѓу другото подвлече дека стиховите откриваат автор којшто сериозно и посветено се занимава со пишувањето и дека од него може да се очекуваат уште нови квалитетни поетски дела.

Александар Михајловиќ е роден во Гостивар, 1971 година. Работи како наставник. „Помалку измамени“ е негова втора стихозбирка. Првата „Алтани и други“ му е издадена во 2019-та година. Добитник е на награди и признанија за поезија во земјава и странство, а негови песни се застапени во повеќе антологии и збирки.

Книгата во среда (14 јули) ќе биде промовирана и во Скопје.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена