Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар против грип до сега вакцинирани околу 2.180 граѓани

Објавено

на

    Согласно податоци од Управата за електронско здравство, преку апликацијата vakcinacija.mk, за вакцина против грип досега биле пријавени 75.712 лица и биле вакцинирани 66.674 граѓани. Заменик министерот за здравство Јовица Андовски денеска на прес-конференција изјави дека одѕивот е одличен.

    „Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од сезонскиот грип. Статистиката покажува дека, од вкупниот број вакцинирани, речиси 42 илјади се лица над 65 години, 21.784 лица со хронични заболувања, 2.334 здравствени работници, како и 29 деца на возраст од 6 месеци до 5 години и 24 бремени жени“, појасни тој.

    Како што информираше, рекордер е Скопје со 19.722 вакцинирани лица. За споредба, лани во Скопје биле вакцинирани 17.346 лица, што покажува нагорен тренд на интересот за вакцинација.

    „Во Битола, досега, вакцина против сезонски грип примиле пет илјади граѓани, а лани таа бројка изнесувала 4.600 лица. Во Велес исто така се бележи зголемување на бројот на вакцинирани, и тоа од 2.480 лица лани, годинава се 2.749 лица. Во Гостивар, исто така, има зголемување на бројот на вакцинирани досега вакцина примиле 2.175 лица, а лани биле вакцинирани 1.849 лица. Исто така, во Кавадарци се забележува зголемен интерес годинава вакцинирани се речиси две илјади лица, а лани се регистрирани 1.583 вакцинирани против сезонски грип“, додаде заменик министерот за здравство.

    Тој нагласи дека бидејќи во тек е сезоната на грип, клучна е навремената заштита, посебно кај ризичните групи население.

    Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, минатата недела во земјава биле регистрирани 64 случаи на грип. Најмногу во Куманово 24, Гостивар 11, Тетово 9…

    Во зимскиот период се очекува зголемување на бројот на заболени од грип, додаде тој, а за потсетување, лани од грип биле евидентирани 14 смртни случаи.

    -За среќа, годинава, се уште нема регистрирано починати лица во државата. За тоа во голема мера придонесува навремената заштита, посебно, како што споменав, навреме вакцина треба да примат ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, подвлече тој.

    Тој кажа дека имало граѓани кои успешно се пријавиле за вакцинација, но, заради некоја причина, не добиле смс порака и не дошле на закажаниот термин, иако самите изразиле интерес за тоа.

    -Станува збор за околу 7.000 лица, кои треба веднаш да се обратат кај својот матичен лекар, каде ќе добијат инфо за пунктот за вакцинација и времето кога да дојдат да се вакцинираат. Од Министерството за здравство веќе е испратен допис до матичните лекари со список на пациенти кои се регистрирале, но не дошле на терминот за вакцинација. Тие имаат можност да се вакцинираат во следниот период, појасни Андовски.

    Заинтересираните се уште можат да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена