Гостивар
Во Гостивар против коронавирус вакцинирани 30-тина деца

Во земјава од 19 јули почна да се аплицираат вакцини против коронавирус и на деца и тоа од 12 години нагоре. Малолетниците, добиваат вакцини само од производителот Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствено дозволена да се користи за деца на посочената возраст.
За имунизација на децата задолжителна е согласност од родителот/старателот, како и негово присуство при примањето.
Во Гостивар до сега вакцина против ковид примиле 30-тина деца.
„Имаше и се‘ уште има заинтересираност за вакцинирање на деца. Сетоа оди со согласност од родителите и нивно присуство. До сега вакцина примиле триесетина деца, поминале добро, не се пријавени некои потешки или сериозни реакции и компликации“, вели д-р Дафина Богданоска одговорна во вакциналниот пункт во Гостивар.
Што се однесува до имунизирањето на возрасната популација, како што веќе информиравме, интересот е особено зголемен во пресрет на воведување одредени ограничувања за невакцинирани и енормен пораст на бројот на новозаразени.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар