Гостивар
Во Гостивар расте бројот на семејства кои бараат парична помош од државата

Ковид пандемијата финансиски ги погоди сите сфери и граѓани, но најмногу удри по џебот на социјално загрозените. Во регионот на Гостивар се зголемува бројката на семејства кои се пријавуваат за користење на парична помош од државата. Во гостиварскиот Центар за социјална работа, дневно се поднесуваат од 30 па и до 100 барања за гарантирана минимална помош.
„Од март месец, кога Владата почна со нови мерки, бројката на баратели на гарантирана помош се зголемува. Ако претходно имаше околу 1.500 корисници, сега бројот оди до 2.500. Нашите служби секојдневно примаат нови барања, чија бројка се движи од 30 се до 100 дневно. Секако, не сите кои поднесуваат барања, стануваат корисници, туку оние коишто ги исполнуваат законски определените услови“, рече Мухамет Таири, Центар за социјална работа во Гостивар
Висината на помошта се движи од 6.000 до 12.000 илјади денари, зависно од бројот на членови во семејството, возраст на деца и други услови.
Во гарантирана минимална помош влегуваат и повеќе надоместоци и тоа: детски додаток, кој се менува зависно возраста на детето, (за основци изнесува 2.100 денари, додека за средношколци 3.000), а во периодот кога се смета грејна сезона и надоместок за греење по 1.000 денари месечно.
Инаку, право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја