Гостивар
Во Гостивар регистрирани 2 случаи на голема кашлица, во земјава над 20
Регистрирани се првите заразени со голема кашлица (пертусис) на подрачје на Гостивар. Според податоците од Институтот за јавно здравје се работи за два случаи.
Во Македонија од почетокот на годинава заклучно со 8 февруари регистрирани се вкупно 22 случаи на голема кашлица, што претставува повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени, во однос изминатиот петгодишен период (2019-2022 година) кога се регистрирани вкупно 9 случаи.
„Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73%) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Во однос на возраста, најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години.
Првиот пријавен случај е на 5 јануари, а само во последните 7 дена се пријавени 11 случаи или половина од досега регистрираните случаи.
Во однос на вакциналниот статус, 18 лица (82%) од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Два случаи се комплетно вакцинирани за возраста, за два случаи вакциналниот статус е непознат.
Од заболените, 16 лица биле хоспитализирани (72,7%), и тоа 14 од нив на возраст до 4 години. Најголем број од случаите се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди