Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се одржа трибина на тема „Дрогата, зло на новата генерација“

Објавено

на

Под мотото „Биди ИН, биди информиран, кажи НЕ“ вчеравечер во Гостивар се одржа трибина посветена на опасностите и последиците од користењето на дрога. Стручни лица пред присутните зборуваа за штетното влијание на наркотичните средства, каде и како една личност може да се побара помош, за да го надмине проблемот, која е улогата на семејството во борбата против ова зло и слично.

Настанот го организираше Канцеларијата за комуникација со граѓани на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

„Ја организираме трибината, затоа што сметавме дека е добро да се потсетиме на оваа тема, да предупредиме на опасностите, да позборуваме какво е ова зло на денешницата. Важно е да се говори за овие проблеми, на кои политичките партии некако како да забораваат. Како да прифативме дека дрогата е тука меѓу нас, а всушност треба сите млади, родители, наставници да се обидеме да се ангажираме, да помогнеме и на оние коишто веќе се заглавени со овој проблем, но и тие што се во искушение“, изјави Стојаноска.

Психологот Слаѓана Анѓелкоска подвлече дека за превенирање и справување со дрогата, важна е информираноста и отворената комуникација на релација родител-дете.

„Младите и родителите мора да бидат добро информирани за тоа кои се опасностите од злоупотреба на дрога, какви последици демнат по психолошкото и физичкото здравје и да се подигне свеста за важноста на превенцијата. Секако, неопходно е родителите од најмала возраст отворено да комуницираат со децата на оваа тема и да им ги даваат потребните совети и поддршка“, рече Анѓелкоска.

На трибината свое обраќање имаа и Габриела Нанковска, криминалист и Славица Тренгоска од невладината ХЕЛП.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена